Страстите се најлошиот тиранин

Минатиот пат  зборувавме за тоа како Бог го создал човекот и колку бил  природен неговиот живот во рајот, односно во пространството во кое го поставил Господ. Адам, којшто излегол од рацете на Самиот Бог, ги поседувал сите дарови од Создателот. Потоа, значи дошол гревот, којшто го прекинал општењето на човекот со Бога, и сите енергии на созданието почнале да се изобличуваат. Следуваат како што знаеме, јавувањето на Бога во светот и овоплотувањето на Бог Словото, новиот Човек-Богочовекот-Којшто е реалност којашто се преживува во пространството на Црквата. Но тоа, кое што има особено значење за еден млад човек, којшто е во почетокот на својот духовен живот,  е да разбере што е тоа што ние го нарекуваме грев, и зошто постојат сите тези, заповеди и правила, кој што изгледаат многу пати како ограничувања за човекот и неговата слобода.
Делото на спасението, кое Бог го извршил со доаѓањето, е да ни даде да разбереме дека може да се вратиме назад. Тоа е едно многу природно „ патување„ , треба да се вратиме таму од каде што сме паднале, за   да се доближиме до Бога. Основното, првото и најважно дело за човекот во рајот, е непрестајната молитва, која уште се нарекува вечно спомнување на Бога т.е. постојано Богосозерцание. Личноста (на човекот) била единствена без внатрешно распаѓање. Сите нејзини сили биле во хармонија-умот, срцето, вољата, расудувањето и љубовта. Сите душевни и телесни дејства биле соединети во една енергија, таа била насочена всушност   кон тоа- да живее човекот со Бога. Тој труд го нарекуваме непрестана молитва или спомнување на Бога. Но тоа не може да се претвори во нешто фиксирано, кое што ќе може да го “ засити” човекот, ако беше нешто, кое што во даден момент ќе ни омрзне, тогаш и природно би дошол моментот, во кое одалечувањето од Бога ќе настапи и дури би било оправдано. Но бидејќи Бог е еден непресушен океан од љубов, воодушевување и духовно изненадување, никогаш човекот кој живее блиску до него не може да се презасити. Може да кажеме дека духовниот човек дури и не знае што е тоа наситување со Божјата љубов, додека во секојдневната телесната љубов некој ќе рече: „ Е го сакав во почетокот повеќе, сега веќе свикнав на него дури ми омрзна„ . При Бога тоа не може да се случи, затоа гледате дека ангелите непрестано го славословуваат Божеството. Исто така и духовните луѓе,иако надворешниот живот им тече во една привидна монотоност, тие имаат таква сила и во нив потполно отсуствува   секој поттик за преситување и досада. Имено, зошто Бог, кој го исполнува нивниот живот е еден бескраен океан.
Со првото паѓање на таа енергија, тоа ,,прво статус – кво,, на човекот, односно постојаното гледање на Бога, било нарушено и умот на созданието се распрснал и расеал во материјата. Човекот паднал и го оставил Бога, започнал да се занимава со материјалното, со сѐ она околу себе.   Се потчинил на средината, материјата и страстите. Всушност започнал да му служи на творението повеќе отколку на Творецот. Се прекинале, непрестаната молитва и Богосозерцанието, самите харизми кој Бог му ги дал, постанале изобличени. Ете како се појавува присуството на страстите.
Тука со неколку зборови треба да кажеме, таа борба на духовните луѓе против страстите, особено против телесните страсти, односите меѓу половите и различните врски и телесни дејствија ја имаат таа смисла. Имено тие пројави на човекот не биле природни при неговото создавање, но тие можат да се потчинат во духовното   пространство на Црквата и да им се даде смисла. Буквално да станат осмислени, логични, да се одалечат од сегашната своја апсурдност и нелогичност. На таков начин човекот повторно станува господар на своите енергии, и ги ползува тогаш кога има потреба. Поради таа причина Црквата поучува, дека не се дозволуваат телесните врски надвор од бракот. Ако Бог е ерос, т.е   апсолутна, потполна и моќна љубов, тогаш таа љубов е духовна.
Но и телесните врски самите по себеси (односите) , доколку природно се подчинети на човекот, не се зло. Тие му служат и ја укрепуваат неговата врска, во законите и благословени пространства на бракот. Тогаш тие ни даваат на нас,на Адам, продолжување на родот. Лошо е кога ќе станат господари и ќе нѐ подчинат. Тогаш истите ни ја одземаат слободата и се претвораат во страсти и гревови, стануваат причина за помрачување на личноста. Зошто е докажано од опит, колку една страст повеќе се реализира во нас толку и нѐ поробува. Еве ви една вистинска тајна, која човек ја набљудува секој ден, особено во денешно време. Многупати при исповедите на многумина, гледам колку страдаат, особено тие кој се под владеење на тие страсти. И откако го прават тоа што го прават, барем да беа среќни… .. Зашто ако слободоволните телесни врски ја исполнуваа личноста на човекот ,најмалку барем во овој живот луѓето би биле задоволни и среќни. Но денес тие гревови се толку лесни за извршување и се повторуваат со брзина на светлината и количество, кое ги ужаснува и оние кој ги вршат. Некогаш бројката ги зачудува дури и самите извршители! Но на крајот се гледа дека сето тоа го разнебитува човекот, конечно ја заробува неговата личност,   и го потопува во крајна темнина. Човекот   е склон да се обидува да се врати со мислата, дека вршејќи ги повеќе и повеќе, нештата ќе се сопрат сами од себе. Но наместо тоа тој уште повеќе се оковува и се затвора во уште поголем мрак.   Се доаѓа до таму, што ако (човекот) излезе цел и   жив од таа каша, и достигне да започне да се подвизува, дури тогаш разбира, дека тие окови се смртоносни.
Тогаш започнува борбата со веригите.   Факт е дека тоа е тешко,кога си се потчинил на страстите, и не е лесно да се откажеш од нив, зошто страстите за човекот се најлошиот тиранин.   Тие го поробуваат и не ги почитуваат, ниту неговите одлуки, ниту неговите копнежи, ниту неговите стравови, воопшто ништо. Кога ќе дојде часот, страста да дејствува,внатре во нас, тогаш сѐ исчезнува, зошто човекот е во буквална смисла окован. Како што оците тоа правилно го испитале, првото нешто кое што го поробуваат страстите,тоа е умот. Кога ќе го зафатат веќе ништо не застанува, телото само дејствува. Ти ги имаш клучевите за автомобилот, но некои ти ги зема, ја отвора шоферската врата, го фаќа воланот и тргнува. Можеш да викаш колку сакаш : „ Не тргнувај, не оди!„ нема смисла. Тргнува, те зема и тебе со него и те одведува, зошто веќе се вселила страста, односно   постанала господар. Тоа значи:,, од кого ќе бидеш победен, од него стануваш и поробен,,(2.Пет. 2,19). Испитувајте се себе си и видете, додека се мали пороците, древните навики и лошите привикнувања, зошто со многукратното повторување, стануваат страсти и човекот не може да се ослободи. Всушност затоа е нужно тој да добие едно духовно воспитување, така ќе дозволи Бог да   дејствува и да го изведе. Зошто реално само Бог може човекот да го изведе од таа состојба. Од нас се бара да ја дадеме, својата слобода, својата борба, својата намера до таму до каде што можеме, и Бог ќе нѐ ослободи.
Тоа паѓање на човекот, прекинувањето на врската со Бога, го имало како последица и тоа што умот на човекот се распрснал, и тој од прост и едноставен, станал сложен и комплициран. Едно сака, друго мисли, трето зборува, четврто врши т.е. има огромно разнообразие и разнобојност во неговите решенија. Но не само тоа, и телото ни претрпело промена, и од прекинувањето на врската со Бога, се потчинило на гнилежноста и биолошката смрт. Затоа се разболуваме и умираме. Созданието ги понесло последиците од падот, зашто и тоа е потчинето на него. Откако праотецот ( на целото создание -Адам) паднал, тој ги вовлекол со себе си и сите потомци, така се појавиле болестите, природните беди, станувањето на самата природа против човекот- сето тоа е резултат на падот. Треба да знаете дека Бог не создал нешто лошо, или зло, а сѐ створил премудро. Тој направил се со голема мудрост- и кога ги ставил своите дела во Писмото, во Него се зборува, дека Бог за сѐ кажал дека е многу добро.

Митрополит Атанасиј Лимасолски-дел од предавањата.
Превод свештеник Александар Стојаноски.